Јавното претпријатие што стопанисува со паркиралиштата во Охрид соопшти дека од 1 септември се намалуваат цените на паркирањето низ градот.
Согласно одлуката Советот на Општина Охрид, ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги намали цените на чинење на паркирањето во сите зони и тоа од 40 на 30 денари во Зона А, од 30 на 20 денари за час паркирање во Зона Б, додека паркирањето во т.н. „премиум-зоната“ во центарот на Охрид кај Градскиот плоштад се намалува од 100 на 60 денари за час.
Comments are closed for this post.