Градот Скопје информира дека од утре, 31 август, со почеток од 8 часот, до недела, 1 септември, до 8 часот за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Крсте Мисирков“, на потегот од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“, во насока кон центар (страната кај Бит-пазар). Поради тоа, сообраќајот ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот „Александар Македонски“, улицата „Беласица“ и булеварот „Гоце Делчев“.

Исто така, утре ќе се врши асфалтирање со завршен слој на булеварот „Кочо Рацин“ и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до раскрсницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“, во насока кон центарот. За таа цел, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“ и „Филип Втори“.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.