Поранешниот прв човек на владата и на СДСМ Зоран Заев им честита на Владата и на својот наследник Димитар Ковачевски за постигнатиот договор со синдикатите и работодавачите минималната плата да изнесува 18.000 денари.
МИНИМАЛНА ПЛАТА 18.000 денари.
Ова е доказ дека новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, за интересите на работниците. Сега заедно, и работниците и работодавачите ( приватен и јавен сектор) да си земат обврска да ја подигнат продуктивноста. Мораме сите повеќе да работиме ако сакаме повисоки примања и повисок економски стандард.
Честитки до Владата и Премиерот.
Ова е важна и значајна одлука.
Голема работа.
Браво , напиша Заев на Фејсбук.
Comments are closed for this post.