Откако тв24 претходно упати прашање до Oпштина Aрачиново зошто таму не се плаќа данок на имот, денеска одговори градоначалничката Милитие Халими вели дека Арачиново е рурална општина и за жал пред да дојдам јас, било запоставено од претходните градоначалници и влади.

Општина Арачиново за жал има и голем број на корисници на социјална помош. Секако проблемите со дивоградбите од минатото и финансиската неможност на семејствата за легализација влијаат врз собирањето на данокот. Ние како општина аплицираме за сите отворени проекти и фондови, додава градоначалничката.