На денешното рочиште за случајот „Рекет“, поранешната специјална обвинителка немаше никакви прашања за сведокот Орце Камчев. Таа не го искористи своето право на прашање за разлика од Бојан Јовановски.

Камчев и Јовановски имаше остра полемика за која цел бизнисменот ги дал парите и која била улогата на Јанева.Камчев тврдеше дека меѓу нив постои спрега и оти целта била да му се земат што е можно повеќе пари за да не биде гонет во случајот „Империја“ на СЈО.