„Антинародното ВМРО-ДПМНЕ“ 11 години манипулираше и вршеше уцени и притисоци врз земјоделците, 11 години го потценуваше нивниот труд, а денес како опозиција шири лаги и глуми загриженост, соппшти денес СДСМ.

„Наспроти таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со земјоделците и спроведува мерки што го унапредуваат земјоделството.

Проблемот за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лаже и глуми загриженост, се решава во интерес на јаболкопроизводителите.

За таа цел, веќе се одржа состанок во Министерството за земјоделство. шумарство и водостопанство со производителите на јаболка од Преспанскиот регион. Во тек се интензивни консултаци помеѓу Министерството и производителите на јаболка и веќе за неколку денови се очекува изнаоѓање решение со коешто ќе се амортизираат загубите на овоштарите и ќе се реши пласманот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека за оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 на 41.000 денари по хектар, додека за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари, поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Истовремено,  сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или во апсолутни бројки, субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар