ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се фрустрирани од тоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ, Зоран Заев жестоко ги брани државните и национални интереси и тоа го прави насекаде, во секој јавен настап и во секој телефонски разговор, се вели во денешната реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, посветена на разговоруте на премиерот Зоран Заев со руските пранкери.
„Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбраа да им слугуваат на туѓи интереси кои имаат за цел да ја оддалечат Северна Македонија од интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Претседателот Заев во разговорите помага Македонската православна црква да добие автокефалност. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите договара провизии за автопати за нивните криминални џебови, договара тепање на градоначалници, палење кафеани и рушење објекти на политички неистомисленици.
Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека и покрај сите хибридни напади, сите лажни вести и манипулации, покрај сета нивна деструктивност, напредокот ќе продолжи.
Успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски“, стои во соопштението на СДСМ.
Comments are closed for this post.