Од СДСМ како нелогично го оценуваат барањето од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за избор на нов јавен обвинител по предлог на опозицијата.

За раководството на ВМРО-ДПМНЕ приоритет е амнестијата за Груевски наместо иднината на граѓаните, амнестија нема да има!“, порачуваат од владејачката партија.

Од таму повторуваат дека граѓаните и институциите спровеле мирен, демократски референдумски ден на којшто граѓаните одлучиле слободно, без притисоци и по сопствено убедување.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кадешто денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран, со мирна кампања и постапки што се воделе непристрасно“, додаваат од СДСМ.

Од СДСМ подвлекуваат дека на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поважна им е иднината на Груевски, отколку иднината на граѓаните кои се за иднина во ЕУ и НАТО.

Наместо да биде фокусирана амнестија, раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитува јасно изразената волја на граѓаните на референдум и да ги повика пратениците да се вкчучат во процесите што обезбедуваат целосна интеграција во ЕУ и НАТО“, велат од СДСМ.