Гордана Сиљановска не само што е залутана во политиката, туку и нејзиното делување е спротивно на интересите на државата и граѓаните.Сиљановска брани криминал и криминалци и не осудува насилство исто како и Христијан Мицкоски и Никола Груевски,обвинуваат од СДСМ.

Кандидатката на Мицкоски лажеше дека е натпартиски кандидат, лажеше дека нема да го признае уставното име, лажеше дека е за правда а брани криминалци.Граѓаните нема да дозволат кандидати залутани во политиката да застанат на чело на државата. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, нов партиски послушник кој ќе работи спротивно на државните интереси. Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе ги брани нивните интереси, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата.