Кандидатот за претседател Блерим Река ја продолжи неговата кампања во Велес, при што имаше средби со жителите на селата Горно и Долно Јаболчиште.

На средбите станало збор за корупцијата, непотизмот и организираниот криминал, како главна причина за губење на довербата на граѓаните и главна причина за масовно иселување од државата.

Само владеењето на правото во една вистинска Република ќе го искорени управувањето на олигарсите и ќе го врати владеењето засновано на отчетност. Судбината на овој народ не може да остане заложник на поединецот, или било коj да е тој, истaкна Река.