Со нивното владеење сакаат да го убијат македонскиот дух. Да рашират колективна депресија и практична вакцинација на народот, мирно прифаќање на сите неуспеси кои ги имаме. Сакаат да живееме во болка и да се научиме на тоа, наместо да ја спречиме болката и страдањето. Така потценувајќи го народот да помислите дека се може да помине и да бидеме среќни што не било полошо. Иако она што ни се чини сега лошо, ќе биде уште полошо, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната годишна конференција на Унијата на млади сили.
Тој истакна дека СДСМ сакаат луѓето да не реагираат, и типично за владеењата и мандатите на СДСМ да живееме во состојба на некаква затегнатост, реформи и штедење додека вечно ја чекаме некаквата светла надеж и подобро утре кое за жал никогаш нема да дојде.
-Така цела една генерација, со по триесетина четирисесет години го поминуваат својот живот во вечна лажна надеж. Овие луѓе пораснаа во транзицијата, кога нивните родители остануваа без работа, денес повторно се манипулирани дека ќе биде подобро а нема да биде, како што ни тогаш не беше. И не се само овие луѓе во прашање. Повторно ги гледаме оние обелени глави од македонските загубари, измачени луѓе, маченици и страдалници на сите погрешни политики од минатото како седат пред владата. Тоа се луѓето од Охис, и оние од Колска, Еврокомпозит, Југохром, кои оваа влада рече дека ќе ги реши за една година, а втората изминува и кога таа година помина роковите постојано се зголемуваат за уште една, па уште една и никако да се најде решение. А да не зборувам за оние маченици од Славија, Центро, МЗТ, Железара и други гиганти кои поради неправдите им се потрошија животите во чекање. Затоа мора да се стави крај на ваквата „купи ден помини“ политика обоена во лажно убаво светло, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање.
Comments are closed for this post.