Aктуелниот градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ Максим Димитриевски ќе бара втор мандат од кумановчани, но овојпат без поддршката на неговата партија. Како што дознава „Куманово њуз“, Димитриевски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник, а денеска ќе ја достави неговата кандидатура до ДИК и ќе започне со собирање на потписи.
Иако неговата матична партија се уште калкулира со името за Куманово, извесно е дека Димитриевски не е фаворит, па откако не доби поддршка од СДСМ за уште еден мандат, тој се реши на независна кандидатура.
На престојните локални избори Димитриевки ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.
Comments are closed for this post.