Очигледно е дека во земјоделието лагите, лажните ветувања, нереализираните ветувања и очекувања од страна на СДСМ и Зоран Заев се присутни, напластени се многу проблеми. Сето она кое што беше во минатото ветувано како загарантиран откуп, цена загарантирана и слично, изгледа беа само шарени лаги и предизборни ветувања гледаме дека еве од прво лице гледаме дека сето тоа е само добро кажано пред камера кога се бара мандат од страна на овие луѓе кои што практично нивниот труд останува ненаграден кое што достоинствено треба да биде награден. Но кога ќе дојде време да се формира влада и кога треба да се соочите со тие ветувања гледате дека практично ништо не се случува туку напротив е полошо од тоа што било во минатото, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Миџкоски.
-Денеска ние имаме реален проблем во Тиквешијата. Имаме од две винарии ненаплатени побарувања од страна на лозарите за продаденото грозје тоа е некаде од висина на милион и двеста во вкупен износ, 600.000 евра од едната винарија, 600.000 евра од другата винарија. Ветувано им е за време на предизборието од тогашниот технички министер, кој што сега е практично министер во ресорот за земјоделие. Но гледаме дека реалноста е сосема поинаква. Воопшто ништо не се случува. Напротив, повторно имаме некои нови ветувања, нови одложувања на решавања на овој проблем. Повикуваме веднаш, тоа ветување кое што го давал на лозарите за време на предизборието да го исполни и овие луѓе да си ја добијат онаа сума на средства кои што ја имаат заслужено за продаденото грозје во тие винарии. Вториот проблем кој што исто така денеска го разговаравме кој што е сериозен е исплатата на обесштетувањето од замрзнатите лозови насади, односно од студовите кои што се случија пред некоја година. Во вредност процентуално од онаа која што им беше ветено или од 80% до 100%, исплата е сега од вредност од 3% што е навистина понижувачки кон овие луѓе. И навистина е некоректно и нечестито. Третата работа која исто така денеска ја дискутиравме е акцизата која планира оваа влада повторно со нови давачки, со нови даноци да врши репресија врз граѓаните во Република Македонија. Овој пат тоа ќе го прави врз производителите на ракија во вредност од 30-тина денари по литар произведена ракија, за домашна употреба се разбира.Иако ние на времето исто таква една иницијатива се започна, но се одложи до времето коа Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија, како што впрочем и треба да биде и како што впрочем тоа го направија и државите кога стануваа земји членки на Европската Унија, посочи Мицкоски по средбата со земјоделците лозари.
Comments are closed for this post.