По објавувањето на повикот за ангажирање на двајцата постојани ИТ-експерти следува процес на селекција на кандидатите кој ќе биде спроведен во координација со владини институции што работат во сферата на безбедноста, а потоа ќе следува уште еден повик за составување поширока листа на експерти кои ќе се користат ат хок при контрола на следењето на комуникациите,изјави Емил Димитриев.

– Досега немаше пречки да бидат ангажирани овие експерти. Јас уште во ноември испратив писмо до претседателот на Собранието. Чекаме на одобрување на буџет за ангажирањето на овие експерти, бидејќи комисиите самите немаат никакви ресурси за да го спроведат ова. По состанокот конечно расчистивме дека треба да почнеме со имплементација на Законот за следење на комуникациите кој заеднички со двотретинско мнозинство го донесовме во Собранието, рече Димитриев.