Она што СДСМ го говори е точно и во таа насока секако дека остануваме на ставот што веќе го соопштивме, СДСМ нема никаква врска со ширењето лажни вести, напротив, комуницира одговороно и транспарентнo.
Ова е коментарот на СДСМ откако „Пресинг ТВ“ објави дека членот на СДСМ од Општинската организација на Прилеп, Виктор Азманоски, како Главен и одговорен уредник на интернет страницата „Револуцинер.пресс“, објави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во стан во Будимпешта добил милион и шестотини илјади евра и строги инструкции од руски дипломати
Го охрабруваме вашиот медиум да се обрати во ВМРО-ДПМНЕ и да побара одговор за изнесените лажни вести од оваа партија, официјално соопштени во јавноста, како на пример: ВМРО-ДПМНЕ во очи на локалните избори 2017 година со месеци лажеше дека низ целата држава ќе се градат кампови па некаде и станови за мигранти, свесно лажеше дека тука ќе се вработувале мигранти. Еве денес гледаме дека нема ниту еден камп за мигранти од Блискиот исток. ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека ќе поскапува цената на струјата, цената на лебот, ги плашеа граѓаните со катаклизмични сценарија за инфлации и рецесии што во реалноста не се случија. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во Собрание лажеше дека бизнисмен од Битола бил рекетиран и се барала помош во конзулат, за потоа Амбасадата на Белорусија од Белград да ги демантира овие тврдења на Милошоски. Иако постојат мал милион вакви примери за лажни вести од белиот дворец, доволно е да дадат одговор на овие три парашања. Ширењето лажни вести е секојдневие за ВМРО-ДПМНЕ-е одговорот на СДСМ.
Comments are closed for this post.