Мицкоски не ги виде црнилата кои 11 години ја уништуваа Македонија поради бизнис со хидроцентрали, црнилата завршија, режимот е поразен, сега Македонија чекори кон светла иднина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по протестот на опозициската партија пред Владата.

Според нив вечерашниот протест бил уште едно бледо и конфузно издание на Христијан Мицкоски, очаен како што се наведува во реакцијата, во обидите да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Нема Мицкоски ниту една идеја, нема ниту еден предлог, нема план, програма, не може да понуди ништо кое би имало значење за подобар живот на граѓаните, за интересите на државата.Фокусот на Мицкоски повторно е на судството и на обвинителите. Тоа потврдува дека единствената агенда, единственото нешто за коешто се грижи Мицкоски е одбрана на криминалот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, реагираат од Бихаќка.