ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува со деструкциите преку кои работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори, реагираат од СДСМ.

Криминалната ВМРО ДПМНЕ позната по 11 годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата.Шефот на Мицкоски од Будимпешта се уште дава насоки, а Мицкоски ревносно ги следи и дејствува на штета на државата и граѓаните.Иако по секоја цена се обидуваа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да го блокираат напредокот и градењето на еднакво општество на еднакви граѓани. Волјата на граѓаните, правата на граѓаните и законите мора да бидат почитувани од секого.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани.

СДСМ се определи за политики што ставаат крај на поделбите и ја градат Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.

Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка, а Законот целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик.