Македонскиот идентитет е заштитен, доволно е да се погледне личната карта во ОН и се е јасно, промената на имињата на дел од институциите е во согласност со уставните измени, соопшти денес Центарот за комуникации на СДСМ.
„Како што наближуваат претседателските избори, така ВМРО-ДПМНЕ шири се поголеми лаги, во страв и паника од извесниот поразшто ги очекува.
Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени, се додава во соопштението и притоа се истакнува дека „придавката македонски не се брише“.
„Тоа е истата стара лага на ВМРО-ДПМНЕ. Македонски останува за се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент. Идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. Доволно јасно е само да се погледне регистарот на Обедниети нации,македонски јазик, македонско итн.
Оние институции кои се однесуваат на македонската националност и припадност, остануваат македонски. На пример МНТ останува Македонски народен театар бидејќи е на македонскиот народ, а има и Турски и Албански театар“. Истакнува СДСМ.
Во сопштението се додава дека залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да се обидуваат да внесуваат вознемиреност во јавноста.
„Граѓаните ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе одберат вистински претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ“, се порачува во истото соопштение.
Comments are closed for this post.