СДСМ крати над 29 милиони евра од Буџетот наменет за образование. Ветуваа инвестиции во образованието, подобри услови во основното, средното и високото образование кога беа во опозиција, а сега кога се власт образованието воопшто не е ни на нивната листа на приоритети, обвинија денеска од ВМРО ДПМНЕ.
Најголемо кратење во секторот образование е во делот на капитални расходи и инвестиции, во дело инвестиции и овие кратењата се 5 милиони и 700 илјади евра, додека за капитални расходи се кратат неверојатни 13 милиони и 530 илјади евра. Тоа се почитувани, над 19 милиони евра за инвестиции, што подразбира изградба и реконструкции на школи и научни установи, набавки на опрема и многу друго што е потребно за функционирањето на образованието.
Кратењата во образованието буквално се во сите сектори, почнувајќи од основно образование, каде се кратат над 1 милион евра, тоа се кратења во изградба и реконструкции на школи, набавка на опрема и материјали. Ова се пари кои власта ги крати од најмалите во образовниот процес, таму каде што се најнеопходни, изјави Иванка Василевска од ВМРО ДПМНЕ.
Власта крати и од ставките за средно образование и тоа 880.000 евра. Додека од ставката за ученички стандард се кратат неверојатни 1 милион и 750 илјади евра.
Високото образование е најзафатено од големите кратења на власта, секторот во кој ветуваа големи инвестиции денеска скратија 5 милиони евра., изјавија од опозициската партија.
Comments are closed for this post.