СДСМ ја одложи седницата на Извршниот одбор која требаше да се одржи денеска. На неа требаше да се одлучи дали го прифаќаат предизвикот на опозицијата заедно со парламентарните избори да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Одложувањето на седницата е поради отсуството на неколкумина министри кои имаат работни обврски во странство.

На седницата покрај парламентарните, требаше да се дискутира и за кандидатот за претсседател особено откако ДУИ одлучи да оди со свој кандидат, и со тоа пропадна идејата за т.н консензуален претседател.

Претседателот на Собранието Талат Џафери в петок треба да ги распише претседателските избори кои треба да се одржат на 21 април и на 5 мај.