Порнаешниот премиер Никола Груевски во вториот дел од интервјуто на Сител нагласи дека во Унгарија има статус на азилант и дека во Будимпешта живее кај пријатели а не во луксузен хотел како што се пишуваше. Тој во Будимпешта времето го поминувал со пријатели , имал посети од Македонија но оти се уште не почнал да работи.

Тој вели дека немал намера да бега и оти сакал да влезе во затвор но оти добил информации од внатре во затворот.

Тој уверува дека не отишол во Унгарија да живее и оти еден ден ќе се врати.

Еден ден ќе се вратам, не сум дојден тука да живеам туку привремено да се засолнам од прогонот на власта. Се  борев до последно на суд но кога видов дека треба да влезам во затвор за нешто за што во други држави не се покренува ни постапка – рече Груевски.