СДСМ и Зоран Заев на своја совест ја имаат смртта на граѓани и загрозеното здравје на илјадници граѓани поради загадениот воздух, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и СДСМ треба да престанат да прават политизација на ваквиот проблем, нека ги засукаат ракавите и нека испорачаат резултати во решавањето на загадувањето. Ситуацијата е преалармантна а нивните соопштенија се несериозен и трагичен обид да се одбегне одговорноста. СДСМ и Заев беа тие што лажеа дека имаат стратегија и дека ќе има алпски чист воздух, две години подоцна има еколошка катастрофа и крах. Македонија е најзагадена земја во светот, стои во реакцијата на партијата на соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Заев наместо на 24 часовен криминал да одвои време за изработка на системски решенија што ќе значат спас на животите на граѓаните и почист воздух.