Зоран Заев овие локални избори ги загуби убедливо. СДСМ и губитникот Заев не победи во ниту една голема општина, во исто време кога тврдеа дека се најдобри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека во градови како Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес , Гевгелија и останатите општини СДСМ и губитникот Заев доживеаја дебакл и затоа треба да си одат.
Народот им испрати порака дека е незадоволен, разочаран и ја порази политиката на поделби и конфликти. Заевизмот како систем мора да падне. На овие избори имаше и брутални изборни нерегуларности, притисоци и закани од луѓето од власта, како и злоупотреба на државни ресурси, пред се полицијата за партиски цели, стои во соопштението на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека мора да има одговорност за таквите нарушувања и злоупотреби.
Губитникот Заев и во поразот е нечесен и треба барем еднаш да си држи до сопствениот збор и ветување, наместо преку платените клиентелисти да создава атмосфера за продолжување на мандатот. Оваа влада нема кредибилитет за водење на државата, се наведува во соопштението.
Comments are closed for this post.