Втор ден од изборите а од оставката на Заев ни трага ни глас. Можеби штрајкот во Поштата е причина што таа долго патува од „Илинденска“ до Собрание.

Најавата на досегашниот премиер дека ќе се  повлече од лидерската позиција во партијата и во владата по се изгледа беше уште една „муртинска финта“.

Во неговото обраќање го немаше клучниот збор „неотповиклива“ што остава простор тој да си ја толкува како што сака.

А дека на Заев не му требаше долго време да го смени мислењето се виде и по вчерашната средба со неговите коалициски партнери. На фотографиите од средбата се гледаат скиснатите лица на, Артан Груби, Бујар Османи, Љубчо Георгиевски,Mендух Тачи,  Маја Морачанин, Тито Петковски, Горан Мисовски…. „све мој до мојега“.

По средбата, на која господ знае што се говорело и како Заев бил „пеан“, излезе премиерот во сенка Артан Груби дека не се согласуваат со оставката на Заев и оти таа била избрзана.ДУИ бара Заев да ја повлече оставката.

„Повлече“ е зборот кој погрешно се толкува од страна на коалициските партнери на Заев. Тој нема поднесено оставка па тие да го кандисуваат да ја повлече. Заев само ја најави оставката усно што ништо не мора да значи знаејќи колку му држи зборот.

За таа да стане официјална треба во писмена форма да биде доставена кај претедателот на Собранието и тој најитно да ги свика пратенците кои само треба да ја контатираат оставката без дискусија. Толку. Сепак нема рок до кога тој треба да ја достави во Парлементот, односно тој може да си тера и една година.

Заев најверојатно ќе ја повтори сликата од 2019 година кога тој по ветото од ЕУ за почеток на преговорите најави оставка но се испишмани, за како што рече доброто на државата и реформите кои морало да течат.

Се паметат оние негови срцепарателни изјави дека „француското вето го скршило одвнатре“и оти лично го уништило“.

А на народот пак уште му е свеж циркусот со „оставката“ на Филипче.Сега ова е само уште една реприза во режија на Заев и неговите „пиарџии“.