Откако членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ закачија црни лампиони на оградата на зградата на Владата во знак на симболичен протест против, како што истакнаа, лошата политика на власта која не создава никакви услови за подобрување на животот на младите, со рекација се јавија од СДСМ.

Како што се истакнува во партиското соопштение, подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ ја погрешило адресата и црните лампиони треба да ги закачат во скапоцениот дворец на најбогатата партија во Европа, односно токму во кабинетот на Мицкоски, бидејќи таму најдобро прилегаат.

Тоа е адресата за сите 11 годишни црнила во којашто беше завиена државата, црнила кои беа силно поразени од граѓаните.

Најголемото црнило беше 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога младите беа целосно заборавени, маргинализирани и игнорирани. А во тоа црнило светлина единствено гледаше раководството на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник на Груевски, Христијан Мицкоски, кога впрочем и ги добил бизнисите со хидроцентралите.

За разлика од таквиот однос на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, денес, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со младите и гради квалитетни младински политики.

Гаранцијата за млади, зголемените средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци се само дел од мерките превземени во интерес на младите – се наведува во соопштението на СДСМ.