„Христијан Мицкоски е разочарување! Ако продолжи да се обидува да ја блокира иднината на Македонија, во следните неколку денови парламентарното мнозинство ќе распише предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на СДСМ.
Во него се наведува дека „Мицкоски ја срамоти Македонија во очите на демократскиот светот, се кара со најголемите стратешки пријатели на земјава“.
„Дали на Мицкоски му пречи поддршката на демократскиот свет, поддршката на Соединетите Американски Држави за Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО? Се поочигледно е дека Христијан Мицкоски има проблем со членството на Македонија во ЕУ и НАТО! Џабе се правда преку писма дека наводно е за НАТО и ЕУ, имаше можност Мицкоски тоа да го покаже пред референдумот, а тој дејствуваше спротивно од интересот на државата.
Еве и сега има можност да докаже дека е за НАТО и ЕУ и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како што целата јавност ги повикува, да ги поддржат уставните измени – но тој не го прави тоа“, се наведува во истото соопштение.
Comments are closed for this post.