Тивкото мнозинство на референдумот кое одлучи со пасивен отпор да остане дома, а не да гласа, упати силна порака до сите, а тоа е дека секогаш е подобро да преговарате подолго и да постигнете добар договор, отколку тоа да го направите брзо и да донесете лош договор кој што луѓето нема да го прифатат, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски на конференцијата на ЕПП насловена „ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?“.

Николовски во Брисел говорејќи за пред и постреферендумскиот период рече дека се направиле многу грешки за да се стигне до тука.

Имаше најмалку четири главни настани и грешки кои беа направени од страна на Владата, тоа се злоупотреба на проблемот за добивање политички поени и за лични интереси. Второ опозицијата беше целосно исклучена од процесот. Трето беше напуштањето на рамката на преговори во Обединетите нации и понатаму прифаќањето на промена на Уставот, рече Николовски.

Тој додаде :

ВМРО-ДПМНЕ се да помогне и затоа никој не треба да не обвинува нас за тоа каде е земјата. Критичарите треба да одат на едно место. Кога некој премногу ветува, а потоа не испорачува тоа не е вина на опозицијата.

Прифаќањето на промената на Уставот како што рече Николовски на конференцијата е црвената линија што ниту една друга Влада не ја помина, а тоа е една од главните причини зошто луѓето не го прифаќаат договорот.

Сега мора да се соочиме со реалноста. Македонија има европска иднина и ние веруваме во тоа. Знаеме дека тоа е преку договор со Грција. Но, ние мора да бидеме реални. Договорот мора да биде таков што може да биде прифатен од македонскиот народ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ верува дека кога ќе имаме шанса да ја водиме Владата, ќе можеме да постигнеме подобар договор со Грција, договор кој ќе биде избалансиран и во корист на Македонија, не само во корист на Грција, потенцираше Николовски.