Самопрогласениот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо и се заблагодари на македонската влада за поддршката. Откако министерот за надворешни работи Никола Димитров се огласи на Твитер дека Македонија го поддржува Хуан Гуаидо за времен претседател на Венецуела согласно уставот и со цел да организира фер, слободни и демократски избори со реакција се јави и Гуаидо.

Тој на Твитер напиша

И благодарам на Владата на Македонија за тоа што ја признава битката која ја водиме за спасување на нашата демократија. Граѓаните на Венецуела и светот обединети во ист глас во одбрана на слободата и владеењето на правото.