Шаонин Жу, потпретседател на бордот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра. Тие велеа дека компанијата е Шпанска, а всушнопст самата компанија кажува дека е од Кина, објавува ВМРО-ДПМНЕ.

Дали овие Кинези личат на Шпанци кои ја раководат Ептиса која Груби и Ковачевски ја одбраа? Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?

Артан Груби нервозно се вади од скандалот со изборот на компанија која ќе врши надзор на изградбата на коридорите и така уште повеќе се заглавува во живата песок. Имено компанијата ЕПТИСА која Груби и Ковачевски ја избрале на тендер како дел од конзорциум со уште поскандалозни македонски компании,  е всушност КИНЕСКА компанија. Груби и Ковачевски се единствениот тандем во светот кој што избрале кинеска компанија да врши надзор на американска компанија.

Толку од прозападната ориентација на Груби и Ковачевски. Поисточно од кинеска компанија и поисточен капитал не можеле да одберат.

Да потсетиме дека компанијата ЕПТИСА, истата оваа влада на ДУИ и СДС во 2020 ја прогласила со одлука како неетичка и компанија која ги прекршува законите и како таква не и дале препорака за понатамошна соработка.

Исто така дел од конзорциумот се и две компании од Македонија кои се скандалозни сами по себе. Едната,  Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор. Втората, Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали.

Се на куп како во филм, вмешаност на руски капитал, корупција во Ерменија, кинеска компанија и Артан Груби и главна споредна улога за Ковачевски.Јавното обвинителство не смее да молчи и да замижува пред ваков скандал. Овде не да мириса, овде смрди на корупција.