На Претседателските избори 2019 година, своето право на глас во странство ќе можат да го остварат вкупно 1.782 граѓани во 32 Дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство и тоа: Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Камбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мелбурн, Минхен, Њујорк, Осло, Отава, Париз, Прага, Приштина, Рим, Сараево, Стокхолм, Торонто, Хаг и Чикаго.

Ова е заклучокот што го донесе Државната изборна комисија, на својата 25-седница по завршување на рокот за поднесување пријавуви за гласање во Дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на 14-ти овој месец.

Според ДИК, во 15 Дипломатско – конзуларни претставништва се прифатени помалку од 10 граѓани и тоа: Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Њу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана.

Вкупниот број на граѓани кои извршиле Јавен увид во Избирачкиот список за претседателските избори кој траеше во периодот 23 февруари до 14 март е 53.972 граѓани.