Салафизам е конзервативно движење на сунитскиот ислам кој заговара враќање на традициите на „побожните претци“.Имаат фундаменталистички пристап.Поделено е во три групи од кои најактивна е џихадистичката. Себеси се сметаат за први муслимани.

Ова движење во последно време е раширено и во Македонија а Исламската верска заедница минатата година дозволи салафистичка организација во Македонија. Најоголем дел од приврзаниците се Албанци, но во последно време има и доста Роми.

Салафистите ја прогласија „Исламската држава“ во 2014 година на територијата на Сирија и Ирак. Нивна специјалност се сечење на глави и распнување на жртвата. Од салафитичкото движење учеше и лидерот на Ал Каида, Бин Ладен.

Жените играат голема улога во т.н „свадбен џихад“. Тоа е кога некоја жена се мажи со џихадист, за свесно да стане вдовица на идниот самоубиец. Се верува дека ќе му се приближи на Бога, со тоа што се става на располагање како жена.

Тие се изолирани од општеството за како што велат, да се “заштитат” од Западот – со свои методи на образование од градинка до училиште. Изолацијата исто така, се однесува и на тоа каде смеат да купуваат или каде да го поминуваат слободното време. Салафистите исто така не користат интернет и го сметаат за големо зло.