За лидерска средба треба да има согласност од двете страни, вели претседателот Стево Пендаровски во одговор на прашање на ТВ Телма.

Претседателот рече дека треба да се почека понеделник бидејќи состојбата во моментот е пата-пата.

На прашање на Телма дали ќе има предвремени избори, Пендаровски одговори дека за тоа се надлежни пратениците и има еден единствен начин за да се закажат предвремени избори.