Блерим Беџети, претседателот на општина Сарај и еден од членовите на „Огнената група“ во ДУИ, во врска со објавената вест дека постојат разлики меѓу членовите на оваа група потврдува дека такво нешто постои, додавајќи оти тие тројцата инсистираат за овие прашања да се решава со аргументи преку расправа внатре во Демократската унија за интеграција.

-Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ“, истакнува за „Журнал“, Блерим Беџети.

Запрашан дали ќе формираат некој нов политички субјект, Беџети одговори дека се против ваквата одлука, бидејќи на тој начин ќе се фрагментаризира, ќе се расцепка албанското бирачко тело. “Јас, Муса Џафери и Невзат Бејта сме против формирањето нов политички субјект. Нема потреба да се формира нова политичка партија.“ – нагласува Блерим Беџети.

-Зборувајќи за соработката со другите опозициски партии, вклучувајќи ја тука и ВМРО- ДПМНЕ, Беџети негира такво нешто: „Не сме имале соработка, бидејќи ние сме фракција.“ Коментирајќи ја политичката состојба во земјава и процесот на уставните измени, Блерим Беџети вели дека тие имаат ист став како и сите во ДУИ. „Мораме да внимаваме да не ги охрабруваме антиевропските сили. Ние во ДУИ сме со став дека ова прашање мора да се реши час поскоро и процесот кон ЕУ да тргне колку е можно побргу“, изјави Блерим Беџети за „Журнал“.