Скандалите со кланот од Зајас немаат крај, се надоврзуваат еден на друг. А, Власта молчи и не дава одговори, туку напротив се обидува овој случај да го заташка и да дефокусира со други теми. Ваквиот однос на ДУИ и СДС само потврдува дека сите коруптивни зделки кои ги објавуваме и за кои говори јавноста се точни, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, освен што се стекна со сериозен удел во Трговскиот центар Соравиа без да уплати и денар, постои сериозен сомнеж дека нема уплатено ниту денар на име платен промет за овој свој „успешен бизнис“. Владата оваа информација не ја демантираше. Впрочем нивниот молк говори дека се фатени на дело. Доколку Дрин Ахмети не уплатил данок за оваа трансакција која се уште сама по себе е скандалозна и отвора сомнежи за сериозен криминал и корупција, тогаш сторил сериозен криминал и  предизвикал финансиска штета на државата. За тоа треба да биде испитуван и гонет од неколку институции.

Да потсетиме дека уделот кој што Дрин Ахмети го стекнал во Соравиа, без да плати денар, тежи милиони евра. Патем трговскиот центар не е загубар како што се обидуваа да го престават, туку во последните години остварил добивка од 2 милиони евра. Сето ова е основа на која треба да се прави истрага од надлежните институции. Правосудството наместо да биде продолжена маша и да исполнува политички нарачки на власта треба да се позанимава со овој скандал со кланот Зајас.