Прашана за случајот „Рекет“ и каде завршиле парите, Рускоска рече дека кога вршеле вештачење на телефонот на Бојан Јовановски според локацијата на фотографијата се утврдило дека парите се во домот на неговите родители.

– Апсолутно има докази дека откако се земени парите, тие завршиле во домот на родителите, а каде е торбата, јавноста треба да знае дека парите се дадени во февруари 2019, а Камчев дојде да пријави на 2 мај, ние не бевме вклучени од почетокот, рече Рускоска.

Според неа случајот не е ниту мито ниту рекет, туку, како што рече, квалификацијата си е точна – противправно посредување.