Јавната обвинителка Вилма Рускоска на денешното рочиште се осврна за случајот „Империја“ на СЈО во кој е гонет бизнисменот Јордан Камчев. Според неа, Бојан Јовановски ги имал сите информации за овој случај, многу повеќе и од обвинителите на СЈО.

Боки знаеше за „Империја повеќе и од обвинителката Лиле Стефанова која го водеше во СЈО. Се прашувам за што земала пари за доверливост Јанева кога Боки знаел повеќе од нив две-рече Рускоска.