Денеска се одржува вториот ден од министерскиот состанок за одбрана, голем дел од енергијата ќе биде и натаму посветена на кризата со Русија.На седницата на која се поканети нивните колеги од Украина и Грузија, две земји кои имаат аспирации за членство во Северноатлантската алијанса, на што се противи Русија.
Овој министерски состанок е прв за новата министерка за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска, која вчера потврди дека земјата сака да види дипломатско решение со Москва
НАТО повторува дека нејзините врати остануваат отворени и дека секоја земја треба да избере слободно и суверено дали сака да и се приклучи, но дека во ниеден случај Русија не смее одлучува за тоа, истакна вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
За Столтенберг, и за НАТО, барањата на Москва претставуваат прекршување на правилата кои ја сочинуваат европската безбедност.
-Новото нормално е што Русија покажа дека е волна да ги доведе во прашање темелните принципи на нашата безбедноста, правото на земјите да го одберат својот пат и да се бранат едни со други, тие сугерираа повелба која ги нарушува овие принципи, изјави Столтенберг на прес конференцијата. Според него овие е принципи се темелот на безбедноста и стабилноста во Европа со децении и тој додаде дека жали што “не знаеме што ќе се случи“, рече генералниот секретар на вчерашната прес конференција.
Алијансата сѐ уште ги чека и одговорите на Москва за предлозите испратени на 26 јануари.
Предлозите содржат понуда за дискусија околу теми како контрола на оружјето, намалување на ризиците и зголемена транспарентност, но се одбива категорично да се разговара за договор кој би спречил земји како Украина да се зачленат во НАТО, како што бара Русија.
Comments are closed for this post.