Обвинет сум дека сум формирал комисија-нема доказ за тоа доставен и изведен! Обвинет сум дека сум ги знаел информациите од првиот Записник – не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене Обвинет сум дека на комисијата сум и кажал да објави и спроведе јавно надавање за градежно земјиште – таков доказ не е доставен и изведен ниту пак комисијата врши објава,нагласи Миле Јанакиески во вчерашните завршни зборови во случајот „Топлик“.

Обвинет сум дека сум дал согласност на јавна објава – таков доказ не е доставен и изведен .

Обвинет сум дека иако сум знаел во 2007 година дека неможе да се реализира договорот сум потпишал Договор за купопродажба на градежно земјиште во 2007 година. Фактите покажауваат дека договоро е спроведен за што постои Решение и издадени се имотни листови. Но исто така и за ова тврдење не е доставен доказ.

Се товарам за дејствија во 2007 година дека сум бил свесен дека во 2013 година ќе сум нанесол штета на Буџетот на РСМ со тоа што МТВ постапило по Судкса одлука и исплатило затезна камата со кој износ е оштетен Буџетот а апсурдноста да биде поголема е дека јас тој налог не сум го потпишал – за што доставен и изведен е доказ. Судската одлука – Спогодба со сила на извршност не сум ја донел јас, ја донел суд, ја потпишал ДП Александар Маринчевски врз основа не на моја согласност туку врз основа на согласност на ВРМ.
Апсурдноста е и во тоа што сеуште на крајот на овој процес јас не знам каде е мојата вина и за што, резимира во својата одбрана за случајот „Топлик“ поранешниот министер Миле Јанакиски.

Тој потсетува дека услов за исполнување на битието на ова кривично дело е постоење на штета.

Прашањето кое се поставува пред Вас е дали исплата на Законска затезна камата дури и по судска одлука е штета. Законот за Облигациони односи јасно разликува што е штета, а што е Законска затезна камата. Несакам да навлегувам верувам дека многу добро ги познавате законите и знаете дека ЗК исплатена по судска одлука не е штета и не е кривично дело.

Тој дообјаснува дека во оваа насока е и мислењето кое ЈО го има дадено на Информација доставена до ВРСМ од страна на ДП за склучување на Спогодбата – доказ доставен и изведен пред овој суд!

Јавното обвинителство дало позитивно мислење на спогодбата по која е исплатена законска затезна камата а потоа СЈО, кое исто така е обвинителство, гони за исплата на затезна камата. А на сето ова, МТВ дава мислење да се склучи спогодбата доколку не се предизвикува штета на Буџетот, а обвинителство гони вработени во МТВ, а влакно не им фали на тие што ја склучиле спогодбата и што предложиле склучување на Спогодбата!

Јанакиески му се обрати на судијата кој на 24.9.2021 година на реплика на Адвокатот Гоце Цоневски рече ,,Да немаше камата сега немаше да има предмет”.

Тој потсетува дека за постоење на штета обвинителството не достави вештачење истата да се утврди, а исто така значајно е да истакнам дека ниту еден државен орган што е обрска согласно закон не пријави штета вклучувајќи ја Владата, МФ што е почетна точка за водење на кривична постапка.

МТВ најпрво даде мислење дека нема штета – доставен и изведен доказ во оваа постапка, за наредниот ден, што е евидентирано во исказот на сведокот Анета Јорданова, МТВ кажува дека доколку судот не осуди тогаш би пријавиле штета што не е законска форма, бидејќи ЗКП не познава условено пријавување на штета односно дека некој би барал штета само ако судот пресуди вина.
Јас единствено можам да извлечам заклучок дека никој несака да се потпише на документ или да дојде и да предјави штета по основ на законска камата исплатена по судска одлука.
За напоменување е и фактот дека МТВ не е надлежно за евентуално предјавување на штата до ДП од причини што согласно законските прописи во РСМ – МТВ е само буџетски корисник, истото нема надлежност да предјавува евентуална штета на Буџет на РСМ. Државниот правобранител во конкретниов предмет не го застапува МТВ туку ги штити имотно правните интереси на РСМ што по сила на закон единствена институција која може да му даде согласност на ДП за предјавување на некаква штета е единствено ВРСМ. Во овој контекст е и дописот од ДП до ВРСМ кој е доставен до судот. ВРСМ нема одговорено на ДП и таков одговор не е доставен до судот.

Јанакиески е убеден дека во овој предмет не постои ни еден доказ кој може да доведе до осудителна пресуда од кој може да се утврди вина.

Со самата Спогодба која впрочем ја склучува Државното правобранителство, а МТВ дава согласност само доколку не се нанесува штета на Буџетот на РМ, според она што го истакнал ДП на седница на ВРСМ максимално се заштитени интересите на РМ и во иднина нема да се ненасуваат штети, за што Владата на крај одлучувала.

Па ако законска затезна камата е штета почитувани судии почитувана јавност зошто само јас да одговарам за законска затезна камата кога последниве 11 години т.е за анализираниот период од 2010 до 31.08.2021 година, може да се констатира дека просечен годишен одлив од буџетот по наведените основи е во износ од 877.876.161,00 денари или секоја година во просек се исплаќаат фантастични 14.274.409 евра или за анализираниов период 150.мил евра, во кој период судовите кои треба да донесат пресуда имаат исплатено околу 5 мил евра законска затезна камата. И апсурдот да биде уште поголем налогот за исплата на таа затезна камата не е потпишан од мене.Замислете колку кривични постапки можат да се водат по овој основ дека некој нешто знаел и некој нешто предвидел за 10 години во иднина .Искрено се надевам дека судскиот систем ќе го обезбеди владеењето на правото.

Тој накратко ја објасни и економската анализа.

Сакам да истакнам дека не само што нема штета на Буџетот туку со Спогодбата се успеало државата да се заштити од исплата на 5 мил евра штета и камата на штета, во Буџетот на општината се задржани исплатените средства од данок на имот во висина од 6.682.824,50 денари или околу 110.000 евра а можеби и најбитно со уплатените средства во Буџетот за купопродажба на земјиштето споредбено со исплатената казнена камата буџетот е во добит од цели 6.708.000 денари или над 110.00 евра. Да почитувани, државата има добивка а не штета.
Во однос на овој економскиот дел исцрпно објаснување имав пред судот и обвинителството во мојот исказ, за што замолувам судот да го има во предвид при донесувањето на одлуката-го заврши своето обраќање Јанакиески.