Kандидатот за претседател на Алијанса и на Беса, Блерим Река по потпишувањето на документот порача дека тројцата кандидати добро се познаваат и сите се колеги, универзитетски професори и затоа, како што рече, не очекува дека претседателската трка ќе биде трка за живот и смрт, туку ќе биде трка која можеби ќе отвори нова страница во изборната историја на Република Северна Македонија.

Влегуваме во едно ново искушение за државата и мислам дека не е главно кој ќе победи, туку е важно резултатот да биде законски и регуларен и со тоа да обезбедиме датум за почеток на преговори со Европската унија, потенцира Река.