ДИК на прес-конференција сопшти дека до 17 часот, со обработени 87,25отсто од гласовите, на денешниот референдум на гласање излегле 455.771 гласачи или 28,83 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Во единствениот избирачки список се запишани 1.806.336 лица со право на глас.
Излезноста на референдумот за договорот со Грција, односно за преименување на Република Македонија во „Северна“ е речиси двојно помала отколку што обично била за време на парламентарни или на локални избори. Ако се следи трендот, односно навиките на македонските гласачи, може да се очекува малку поголема активност по 17 часот, но, сепак, не се очекува да се исполни потребниот цензус, односно дека во најдобра варијанта би излегле на гласачките места околу 800.000 избирачи, што ќе биде далеку од потребните 903.000.
Инаку, на последните национални избори излегле 1,2 милиони гласачи, а на тие избори имаше мала излезност, односно беше впечатлива изборна апатија.
Споредно со претходните гласачки циклуси состојбата била следна: на изборите во 2014 година во 10 часот излезноста била 9.60 проценти, во 2016 – 9.52, на локалните во 2017 – 8.91, додека за референдумот 2018 – 5.20 проценти го оствариле своето право на глас.
Во 13 часот излезноста била следна: во 2014 – 30.93, во 2016 – 34.37, во 2017 – 27.30, додека 2018 е повторно драстично помала со само 16 проценти. Во 17 часот, пак, состојбата е следна: во 2014 е забележана излезност од 53.24 проценти, во 2016 – 60.41, во 2017 48.95 и во 2018 – 28.53.
Математиката покажува дека за да помине референдумот, односно да биде постигнат потребниот цензус ќе недостигаат најмалку 100.000 гласови. Но, според резултати од претходните парламентарни избори, сите партии без ВМРО-ДПМНЕ и тогашната коалиција, освоиле 647.730 гласови. И овој резултат индицира дека сегашната коалиција за европска Македонија нема да ги добие своите гласови, зашто е неверојатно дека за помалку од два часа би можеле да гласаат огромни 200.000 гласачи, што и технички невозможно.
Comments are closed for this post.