Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во моментов одржува состаноци пред Извршниот комиет на партијата кој е закажан за попладне. Раздвиженоста на партијата е поради денешната седница на Собранието на која треба да се расправа за уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјасни дека нема да учестува на расправата ниту пак ќе ги поддржи уставните измени.

Нема потврда ни дали лидерот Мицкоски во текот на денот ќе се појави на протестот пред Собранието.

Тој вчера испрати јасна порака  дека единствен политички противник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е Зоран Заев.

Името не го менуваат оти народот одлучи, туку оти Заев во прва фаза собрал 80 пратеника. Гледаме сега нема, па тргува и тргува, се препелка секој ден. Нека не се затскрива зад европските институции. Не се докажува тоа преку промена на името и идентитетот, туку со работа. Не смееш да тргуваш со нешто што е наследено, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.