Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти, или вкупно 350 лица во моментов се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 917 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Според податоците од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти, или вкупно 350 лица во моментов се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие најмногу приеми има на Инфективната клиника-19, потоа, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ – 13 примени, на интерните клиники имало 8 приеми и во Козле биле примени 5  пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

ИЈЗ во текот на минатата недела (од 1 до 7 март) регистрирал 4 463 нови случаи, што е зголемување за 23 проценти во однос на неделата претходно.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 567 пациенти и тоа: во болницата во Битола 41 пациент, во Штип се хоспитализирани 46 пациенти, на  инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 38, во Куманово 88, во ковид-центарот во Охрид 60, во Прилеп 84, во ковид-центарот во Гостивар 19, во Струга 17, во болницата во Струмица 34, во Кочани 9, во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен, поради што во Скопје е отворена и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.