Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека поднесуваат иницијатива за распуштање на Собранието, оставка на Заев, формирање на преодна влада и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Според Мицевски, Македонија никогаш не била вака поделена и власта веќе нема легитимитет.

Опозицијата смета дека парламентарните избори треба да се одржат во исто време со вториот круг на претседателските на 5 мај.

Запрашан „што доколку власта не прифати парламентарни избори, дали ќе учествуваат на претседателските“, Мицевски рече дека ќе чекаат каква ќе биде реакцијата на владејачкото мнозинство па потоа ќе донесат одлука.