Dodge Viper е спортски автомобил што го произведува компанијата Крајслер. Важи за супер автомобилот со две седишта кој од 0 до 100 километри забрзува за 3,5 секунди а максималната брзина е 280 километри на час.Цената се движи од 90 до 120 илјади долари во зависност од опремата.

Со вакво возило сопртугата на Драги Рашковски ќе се шета по скопските улици отако нејзиниот сопруг на седница на влада потурил незаконско барање за градење во Гостивар на фирма, иако таа немала позитивно мислење од Комисијата при Министерството за транспорт и врски.

Како награда тој добил токму Доџ Вајпер, додуша половен кој чини 50.000 евра. Но, Рашковски во неговиот анкетен лист напишал дека автомобилот е проценет на 5.000 евра.

Автомобилот сопругата на Рашковски го стекнала со купување од лице кое од фирмата за која Рашковски го потурнал незаконското барање го набавил за 5.000 евра, односно 10 пати помалку од реалната вредност.

На социјалните мрежи веќе почнаа шегите каде може да се најде ваков  автомобил за пет илјади евра и дека Рашковски „начекал“ добра понуда.