Расчистен е патот што води до затворот Кшање, информираше директорот на казнено-поправаната установа, Марјан Спасовски. Патот е расчистен со тешка механизација, која го пробила пристапот од регионалниот патен правец до затворот во должина од 1,3 километри. До вчера патот не беше прооден поради високите наноси од снег, кои на некои места изнесувале и два метри.
Со расчистувањето на патот се овозможува нормално функционирање на установата. Веднаш економските оператори доставија храна – истакна директорот Спасовски.
Во моментов и екипи на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектот на потегот помеѓу селата Пезово и Кокошиње.
Според најавите очекуваме дефектот да биде отстранет и да добиеме електрична енергија. И денеска се користат агрегати – рече Спасовски.
Според најавите на надлежните се очекува дефетот со телефонската линија да биде решен во текот на денешниот ден.
Comments are closed for this post.