Дека Зоран Заев еден по еден расчистува со политичките неистомисленци внатре во партијата покажува и говорот на Борис Станковски од Општинската организација на Куманово. Тој на затворениот дел од Конгресот вчера вели дека состојбите во партијата ескалирале и оти раководството го елиминирале градоначалникот Максим Димитриевски од Централниот одбор.

За потсетување, Димитриевски за време на короната ја критикуваше власта дека не успеала да се справи со пандемијата и наиде на критики од својата партија.

Станковски во обраќањето порача дека проблемите не се ставаат под тепих туку треба да се решаваат.

Пред две три недели се одржа он лајн конференција на ОО на Куманово. На оваа конференција беа донесени предлог кандидати за членови на СДСМ на ЦО и го немаше градоначалникот Максим Димитриевски. Сепак ќе спомнам како помина таа онлајн конференција.На одредени членови не ни беше дадено да имаат реплика, им беше прекинуван зборрот а во еден момент од горе од централната база заборавија да ги исклучат микрофоните каде што беше сместено партиското раководство и се слушаше што зборуваат и како иронично се смеат, нешто се договараат и сл-откри Станковски.