Откако Јавното обвинителство на почетокот на декември го обелодени скандалот дека во зградата се снимени фиксни телефонски разговори, денеска обвинителот Сашо Рајчев објасни дека се работи на вештачењето и оти први се вештачат хард дисковите на Обвинителството за организиран криминал и корупција затоа при непосредната контрола не постоеле технички можности да се утврди дали баш и таму било снимано.
Во оваа зграда неспорно е дека имаме снимени разговори. Прво да го завршиме Обвинителство за организиран криминал а потоа преминуваме на проверки за неовластеноста во снимањето а после евентуално во прислушкување доколку имаме пристап на тие разговори на лица неовластено од надвор-нагласи обвинителот.
Comments are closed for this post.