Во 10 часот според информациите на Пресинг ТВ работните групи од власта и опозицијата ќе седнат на заедничка маса. Ќе се разгледуваат деталите од последниот предлог на Минситерството  за правда,  предметите на СЈО отворени по истекот на мандатот да ги преземе Јавното обвинителство.

Средбата ја потврди и премиерот Зоран Заев, кој најави дека ако работните групи не успеат да дојдат до решение, тогаш ќе се вклучат и лидерите.

Непосредно пред изборите на 5 мај, министерството за правда достави предлог предметите што СЈО ги отвори по 30 јуни 2017 година да бидат преземени од редовното обвинителство преку комисија што ќе ја предводи државниот јавен обвинител.

Работната група од власта ја предводи министерката за правда Рената Дескоска, а од опозицијата адвокатот Тони Менкиновски.