Автопатот Кичево-Охрид е опасен по живот. Да се стигне до нашиот туристички центар не е нималку лесно. Најмалата штета е за автомобилите кои после едно одење натаму се за ремонт, туку е загрозена безбедноста на патниците.
Не се знае каде се вози по една лента, каде од спротивната насока наидува друго возило, расфрлани столпчиња кои треба да го разделуваат патот.
Власта постојано го одложува завршувањето на делницита а таа не е до никаде. Овде-онде по некоја машина и работник но крајот не се гледа.
Се чини дека крајот на автопатот ќе го чека доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ која и го почна.
Comments are closed for this post.