Првостепената лекарска комисија за издавање боледувања подолгo од две недели на Подрачната служба Скопје, од денеска, 12 ноември, ќе работи само во една смена. Според соопштението поставено на влезната врата, не е извесно до кога временски ќе трае овој начин на работа.

Причината за работењето само во една, наместо вообичаените две смени, според објаснувањата што можат да се слушанат од медицинскиот персонал, лежи во боледувањето и, речиси, хроничниот недостиг на лекари.

Досега, првостепените комисии работеа двосменски и неделно се менуваа првата и втората половина од почетните букви на презимињата на болните.

Второстепените комисии, пак, работата нормално, двосменски.